19 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Принцот Хари изјави дека би бил подготвен повторно да служи во британските вооружени сили доколку се појави таква потреба. Тој го кажал тоа во подкаст по посетата на Украина, јави Нова телевизија.
„Несомнено би бил подготвен да ѝ служам на мојата земја, заедно со моите пријатели ветерани и со војниците на активна служба“, рекол Хари. Тој претходно служел во британските вооружени сили, вклучително и во Авганистан.
За време на неодамнешната посета на Лвив, во западна Украина, Хари се сретнал со ранети британски војници и медицински персонал. Според извештајот, ова е негова четврта посета на Украина од почетокот на руската инвазија во 2022 година.
Хари рекол и дека светот може многу да научи од Украина. Тој изразил надеж за посилна поддршка за земјата од САД.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

