18 ноември 2026
• од Гоце Кически
Бугарија не поддржува безусловно ниту една земја кандидат за членство во Европската Унија, а добрососедските односи се дел од условите за напредок во преговорите. Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, осврнувајќи се на европскиот пат на Србија.
„Условите се јасно наведени во преговарачкиот процес и во преговарачките рамки на одделните држави“, рече таа, пренесе БГНЕС.
Петрова-Чамова посочи дека добрососедските односи се услов и за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ. Таа рече дека Бугарија го поддржува нејзиното напредување, но очекува исполнување на преземените обврски, и изрази надеж дека ќе има политичка волја за нивна реализација.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

