17 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Бугарија планира да вложи 49 милиони евра во национална фабрика за вештачка интелигенција, која треба да обезбеди компјутерска моќ за развој и обучување модели. Средствата се дел од буџетските приоритети за 2027 година, претставени од министерот за иновации и дигитална трансформација Иван Василев, објави БГНЕС.
Министерството за 2027 година ќе располага со 45,8 милиони евра, околу 3,5 милиони повеќе од претходната година. Планирано е намалување на административните трошоци за два милиони евра, додека капиталните инвестиции треба да се зголемат од 2,3 на пет милиони евра.
Средствата за иновации и поддршка на бизнисот ќе пораснат за 21 отсто, на 17,3 милиони евра. Василев најави и дополнителни средства за дигитализација на државните услуги, како и поддршка за истражувачите, претприемачите и технолошките компании.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

