21 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Бугарската народна банка ќе издаде лимитиран сребрен медал посветен на цар Самоил, во тираж од 500 примероци. Емисијата е посветена на враќањето на посмртните останки на владетелот во Бугарија, објави БГНЕС.
Медалот е изработен од една тројска унца сребро со чистота од 999,9 промили. Секој примерок има индивидуален број на работ и висок релјеф.
На предната страна е прикажан цар Самоил, заедно со грбот на Комитопулите и базиликата „Свети Ахил“. На задната страна е претставена базиликата „Света Софија“, каде што, според објавата, биле положени посмртните останки на владетелот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

