27 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Одземениот добиток од подрачјето на Општина Крива Паланка во почетната фаза ќе биде сместен во казнено-поправните установи во Идризово и Прилеп. Ова е предвидено со акцискиот план што Владата го усвои на минатата седница, а неговата оперативна реализација почна денеска.
На состанокот на Координативниот штаб биле утврдени задачите на институциите вклучени во спроведувањето. Следен чекор е мапирање на локациите за да се утврдат бројот на животните, нивната распространетост и пристапноста до теренот.
Надлежните разгледуваат и можност дел од добитокот, во согласност со законските прописи, да им биде отстапен на здруженија на сточари и на млади сточари. Планот, според министерот за земјоделство Борче Серафимовски, треба да помогне во заштитата на жителите, нивниот имот и земјоделското производство, со почитување на здравствените стандарди и благосостојбата на животните.
Во спроведувањето се вклучени седум државни институции, меѓу кои надлежните министерства, агенции и служби за управување со кризи, заштита и одземен имот.
ЛДП бара итно усвојување на законот за електронски нараквици за насилниците
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

