26 ноември 2026
• од Темелко Тошев
Бугарија е избрана за потпретседавач на Извршниот совет на Светската туристичка организација на Обединетите нации за 2027 година. Во таа улога, земјата ќе учествува во утврдувањето на глобалните приоритети за туризмот.
Изборот бил направен на седница на советот во Абу Даби, на која присуствувал и бугарскиот министер за туризам Илин Димитров. Од бугарското Министерство за туризам соопштиле дека ова е првпат земјата да добие ваква висока функција во организацијата.
Димитров рекол дека Бугарија ќе се залага за подобро користење податоци при носењето одлуки, стручно оспособување на работниците во туризмот и развој што го штити културното наследство.
Бугарија во јуни 2027 година ќе биде домаќин и на Светската конференција за култура и туризам. Настанот, организиран во партнерство со агенцијата на ОН и под покровителство на УНЕСКО, ќе се одржи во Софија и Казанлак. Во фокус ќе бидат традициите на Розовата Долина и наследството на Долината на тракиските владетели, вклучително и Тракиската гробница во Казанлак, која е на листата на светско наследство на УНЕСКО.
Извор: БНР.
ЛДП бара итно усвојување на законот за електронски нараквици за насилниците
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

