26 ноември 2026
• од Стефан Николов
Истражителите во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција речиси три месеци не можат самостојно да ги анализираат одземените мобилни телефони, откако истече лиценцата за специјализираниот софтвер „Селебрајт“.
Лиценцата истекла на 6 септември, а Обвинителството ја добило како донација од Американската амбасада во 2024 година. Софтверот овозможува извлекување податоци од телефони, вклучително и повици, пораки, фотографии и информации од апликации, кои може да бидат важни докази во истраги.
Обвинителството соопштило дека постапката за набавка на нова лиценца е во тек и очекува да заврши до крајот на годинава. Годишното обновување би чинело околу 170 илјади евра. Во меѓувреме, анализата на електронските уреди ја врши Одделот за форензички истражувања при Министерството за внатрешни работи, објави Призма.
ЛДП бара итно усвојување на законот за електронски нараквици за насилниците
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

