26 ноември 2026
• од Елена Иванова
Бугарскиот политичар и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, побара бугарската влада да побара објаснување од француските власти по нападите врз навивачи на Левски во Марсеј. Тој повика и УЕФА да му изрече најстроги санкции на Олимпик Марсеј.
Во објава на Фејсбук, Борисов ги осуди нападите и изрази солидарност со навивачите на Левски, посакувајќи им брзо закрепнување на повредените. Тој ги доведе во прашање безбедносните мерки на стадионот „Велодром“ и постапувањето на полицијата.
Според БНТ, пред натпреварот од Лига Европа, навивачи на Марсеј фрлале шишиња, сигнални ракети и петарди кон секторот со бугарските навивачи, и покрај засилените безбедносни мерки.
ЛДП бара итно усвојување на законот за електронски нараквици за насилниците
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

