27 ноември 2026
• од Темелко Тошев
Православните верници денес, 27 ноември, го чествуваат светиот апостол Филип, еден од дванаесетте ученици на Исус Христос. Неговиот именден го празнуваат луѓето што го носат името Филип.
Според црковното предание, Филип бил роден во Витсаида, крај Галилејското Езеро. Тој веднаш се одѕвал на Христовиот повик, а по слегувањето на Светиот Дух го проповедал Евангелието во повеќе краишта на Азија и Грција.
Преданието раскажува дека во градот Јерапол Филип, заедно со апостолите Јован Богослов и Вартоломеј и со својата сестра Маријамна, проповедал меѓу локалното население. Таму бил фатен и распнат на крст. Се верува дека пострадал во 86 година, за време на владеењето на царот Дометијан.
Подоцна, моштите на свети Филип биле пренесени во Рим. Црквата го памети како апостол кој го ширел христијанското учење и пострадал поради својата вера.
ЛДП бара итно усвојување на законот за електронски нараквици за насилниците
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

