03 август 2026
• од Гоце Кически
Косовски државјанин е приведен откако бил фатен како вози со брзина од 220 километри на час на автопатот А1, каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска во 08:41 часот, на паркингот Милетково на автопатот А1, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Ш.З. (36), државјанин на Косово.
При сообраќајна контрола било утврдено дека тој управувал патнички автомобил „мерцедес“ со косовски регистарски таблички со брзина од 220 километри на час, односно 100 километри на час над дозволената.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

