03 август 2026
• од Стефан Николов
Пожарот кај кавадаречкото село Раовец денеска повторно се реактивираше со силен интензитет, а во неговото гаснење се вклучени авиони, хеликоптери и бројни копнени екипи. Надлежните предупредуваат дека огнот тешко ќе биде ставен под контрола во текот на денот.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека пожарот се проширил кон тешко пристапен терен во близина на Тиквешкото Езеро. Поради тоа, покрај два „ер трактори“, во акцијата се вклучуваат и полициски и армиски хеликоптер.
Според Ангелов, постојат сериозни индиции дека пожарот е намерно подметнат. Тој рече дека огнот бил запален на пет различни локации во исто време, што овозможило брзо ширење, а додаде и дека полицијата најверојатно веќе го привела осомничениот.
Во гаснењето учествуваат четири пинцгауери, два унимога, камион на Шумското стопанство, повеќе теренски возила, два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување, како и хеликоптери на Министерството за внатрешни работи и Армијата. На терен се и екипи на Територијалната противпожарна единица, полицијата и Шумското стопанство.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, соопшти дека сите расположливи ресурси се ангажирани за локализирање на пожарот и апелираше граѓаните да не се приближуваат до загрозеното подрачје, да ги следат насоките на надлежните служби и веднаш да пријават евентуални нови жаришта или сомнителни активности.
Ангелов информираше дека денеска низ државата се регистрирани повеќе од десет пожари. Иако засега повеќето се од помал обем, високите температури и засилениот ветер го отежнуваат нивното гаснење и постои можност дел од нив да останат активни и во текот на ноќта.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

