03 август 2026
• од Димитар Стојановски
Министерството за здравство соопшти дека започнало вонреден инспекциски надзор по случајот со 19-годишната пациентка од струмичкото село Баница, која по царски рез изведен во Клиничката болница во Штип останала со параплегија и денес се движи со инвалидска количка. Случајот, кој ја потресе јавноста, се однесува на мајка на две деца.
По налог на министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува контрола во сите три здравствени установи во кои била лекувана пациентката – Општата болница во Струмица, Клиничката болница во Штип и Универзитетската клиника за неврологија во Скопје.
Во наредните денови инспекторите ќе ја приберат целокупната медицинска документација и ќе го завршат надзорот. По утврдување на фактичката состојба ќе бидат донесени заклучоци, а доколку се утврдат пропусти, ќе следуваат соодветни мерки согласно законските прописи.
Од Министерството нагласуваат дека во текот на постапката ќе бидат заштитени достоинството, приватноста и медицинските податоци на пациентката и уверуваат дека случајот ќе биде темелно и професионално испитан.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

