TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Извештај на ДЗР: Фалат лаптопи, плати се исплаќале без доказ за работа во Министерството со кое раководеше Груби

04 март 2026

• од Станча Јаќимовски

Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави сериозно критички извештај за работењето на Министерството за односи меѓу заедниците за 2024 година, институција која претходно беше под раководство на Артан Груби. Ревизијата откри низа неправилности, недостиг на опрема, сомнителни исплати и слабости во управувањето со буџетските средства.

Ревизорите дале неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеноста со законската регулатива. Според извештајот, утврдени се сериозни пропусти во начинот на евидентирање и користење на средствата со кои располага Министерството.

Недостасуваат лаптопи и опрема

Една од најалармантните констатации на ревизијата е дека при годишниот попис не биле пронајдени значителен дел од основните средства. Дури 28 проценти од основните средства, со вредност од околу 25.360 евра, не биле евидентирани при пописот.

Дополнително, 30 преносни компјутери исчезнале од евиденцијата, што ревизорите го поврзуваат со фактот дека во Министерството не постоела пракса на издавање реверси за опремата која им се доделува на вработените.

Покрај тоа, за седум службени возила воопшто не била водена сметководствена и материјална евиденција, што дополнително ја доведува во прашање контролата врз државниот имот.

Плати исплаќани без доказ за присуство на работа

Ревизијата открива и сериозни проблеми со исплатата на плати. Во Министерството биле исплатени 165 милиони денари за плати и надоместоци на 244 вработени, но за 150 од нив немало доказ дека редовно доаѓаат на работа.

Иако постои електронски систем за евиденција на работното време, платите биле исплаќани без проверка на присуството на работа или исполнување на полно работно време, што отвора сериозни прашања за начинот на управување со човечките ресурси.

Пари дадени на здруженија без контрола

Дополнителни слабости се утврдени и во распределбата на средства за здруженија и фондации. Во 2023 година Министерството исплатило 19,8 милиони денари (околу 320.900 евра) на 33 организации.

Сепак, ревизијата покажала дека повеќе од половина од нив – 17 организации – треба да вратат дел од средствата, бидејќи не доставиле докази како ги потрошиле парите. До моментот на ревизијата само дел од средствата биле вратени, додека за некои организации се водат постапки за медијација или судски спорови.

Дополнително, документацијата во дел од апликациите била доставена само на албански јазик без превод на македонски, што е спротивно на Законот за употреба на македонскиот јазик.

Сомнителни јавни набавки и гориво за непознати возила

Ревизорите откриле и проблематични јавни набавки. Министерството исплатило 516 илјади денари за гориво, но без да се врши контрола на регистарските таблички на возилата. Тоа овозможило гориво да се точи и во возила кои не се во сопственост на Министерството.

Дополнително, во една постапка биле прифатени понуди со невообичаено ниски цени, како што е сервисирање возила по цена од 0,01 денар за работен час, без комисијата да побара дополнително објаснување. Во некои случаи биле фактурирани резервни делови со цени неколкукратно повисоки од понудените.

Систем со илјадници работни места, а само 10% пополнети

Според ревизијата, Министерството има систематизација за 2.556 работни места, но заклучно со крајот на 2024 година биле пополнети само 244 позиции, односно околу 10 проценти.

Ревизорите оценуваат дека ваквата состојба ја искривува реалната слика за потребните кадровски капацитети и укажува на долготрајни проблеми во организацијата на институцијата.

Сериозни системски слабости

ДЗР заклучува дека во Министерството постојат сериозни системски слабости во финансиското управување, контролата на имотот и спроведувањето на јавните набавки. Дел од неправилностите, според ревизорите, се предмет и на постапување од страна на други надлежни институции.

Извештајот отвора низа прашања за начинот на кој се управувало со државните средства во периодот кога институцијата беше под раководство на Артан Груби.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
ДРУГО
09 октомври 2026

Научниците ја открија тајната на огромниот облак долг 1.800 километри на Марс: Се создава секое утро над вулкан

СВЕТ
09 октомври 2026

Финска одобри нов пакет воена помош за Украина

МАКЕДОНИЈА
09 октомври 2026

Љога обвинува за брутално полициско насилство врз двајца млади: Бара разрешувања и кривични пријави, ја критикува ВЛЕН

МАКЕДОНИЈА
09 октомври 2026

Доживотен затвор за Трајче Бојковски од Старо Нагоричане за четири убиства и два обида за убиство на жени

МАКЕДОНИЈА
09 октомври 2026

СДСМ: Раководители на „Ѓорѓи Наумов“ се коцкале во Монте Карло на екскурзија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
09 октомври 2026

САД со нови предлози за прекин на војната во Украина

МАКЕДОНИЈА
09 октомври 2026

Таткото на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра скриени во ѕид биле негова заштеда

МАКЕДОНИЈА
09 октомври 2026

Мрежа за заштита од дискриминација до Сиљановска: Давате легитимитет на организации против абортусот преку „Јас сум жена“?

ДРУГО
09 октомври 2026

Хороскоп за 9 октомври 2026: Ѕвездите носат неочекувани пресврти – три знаци ги очекува голема среќа!

МАКЕДОНИЈА
09 октомври 2026

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ бара повлекување на Законот за животна средина

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
09 октомври 2026

Зеленски најави одговор за руските напади врз Прилуки и Краматорск

МАКЕДОНИЈА
09 октомври 2026

Љубчо Георгиевски: ВМРО го уби кралот Караѓорѓевиќ, а денес во Северна Македонија се слави неговата династија

МАКЕДОНИЈА
09 октомври 2026

Родителите на жртвите од „Пулс“: Не станува збор за обична расправа, туку за утврдување одговорност

СВЕТ
09 октомври 2026

ЕУ избра 46 проекти за критични суровини, меѓу нив и во Бугарија, за помала зависност од увоз и посилна европска индустрија

МАКЕДОНИЈА
09 октомври 2026

Филипче: Мицкоски отвора стари етнички поделби наместо економија и повисок стандард

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
09 октомври 2026

Трамп му го додели највисокиот американски научен медал на Илон Маск

ДРУГО
09 октомври 2026

Свети Јован Богослов – апостолот кој останал со Христос до Крстот

СВЕТ
08 октомври 2026

Унгарија ја погоди најтешката суша во последните 126 години

МАКЕДОНИЈА
08 октомври 2026

Историчарот Ангел Димитров: Скопје не ги исполнува обврските, историската комисија без резултат, а грижата за Ива доцни

МАКЕДОНИЈА
08 октомври 2026

Мајката на Ива Михаилова до Муцунски: „Петмина лекари бараат итна операција во странство, а вие тврдите дека може да се лекува!“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
08 октомври 2026

„Јас сум жртвата, а ме третираат како виновна!“ – Ива Михаилова ја оспори изјавата на Муцунски во Софија

МАКЕДОНИЈА
08 октомври 2026

Љупчо Георгиевски до Муцунски: Бугарија нема нови услови, но македонските Бугари бараат одговори

СВЕТ
08 октомври 2026

Украина погоди руски комуникациски репетитор во Црното Море

МАКЕДОНИЈА
08 октомври 2026

Бугарија побара рок за уставните измени: Нема нови услови надвор од консензусот од 2022 и сите други елементи од него

МАКЕДОНИЈА
08 октомври 2026

Бугарскиот адвокат на Ива Михаилова, Николај Димитров: Со новиот лекарски наод ќе бараме судот во Кочани да ѝ дозволи лекување

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
08 октомври 2026

Петрова до Муцунски: Софија бара рок за исполнување на обврските кон ЕУ, внесување на Бугарите во Уставот и лекување за Ива

МАКЕДОНИЈА
08 октомври 2026

Марта Кос: Коридорот 8 е стратешки европски проект

МАКЕДОНИЈА
08 октомври 2026

СДСМ: Не работат томографи и ПЕТ-скен, Клековски да поднесе оставка

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега