09 ноември 2026
• од Елена Иванова
Шефовите на дипломатиите на Групата седум во Париз разговараа за меѓународните кризи, хуманитарната помош, војната во Украина и безбедносните предизвици во дигиталниот простор. Високата претставничка на Европската Унија Каја Калас изјави дека не очекува многу од претстојните разговори за Украина во Абу Даби, бидејќи, според неа, Русија досега не покажала дека е подготвена за преговори во добра верба.
Калас повика на прекин на огнот и посочи дека Русија треба да престане со нападите врз цивили и цивилна инфраструктура. Таа нагласи дека европската безбедносна рамка веќе е утврдена со меѓународни договори, но дека Русија ги прекршува своите обврски. Според неа, за траен мир се потребни одговорност за воените злосторства и гаранции дека нападите нема да се повторат.
На состанокот била истакната и важноста од заштитата на хуманитарните работници и спречувањето на употребата на храната како оружје. Калас ја поддржа улогата на Меѓународниот кривичен суд, велејќи дека во време на зголемени воени злосторства е потребна поголема, а не помала одговорност.
Учесниците разговарале и за вештачката интелигенција и кибернападите. Калас рече дека меѓународното право треба да важи и во дигиталниот простор, а земјите треба да разменуваат информации и да одговорат на заканите. Средбата утре ќе продолжи со разговори за Блискиот Исток и војната во Украина. Европската служба за надворешни работи ги објави изјавите на Калас.
Министрите за надворешни работи на Г7 разговараат во Париз за поддршка на Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

