07 ноември 2026
• од Никола Трајковски
Бугарскиот кревач на тегови Карлос Насар беше пречекан на аеродромот во Софија со овации по освојувањето на четвртата светска титула. Дваесет и двегодишниот спортист рече дека сака да стане првиот кревач на тегови со четири олимписки злата.
На првенството во Кина, Насар триумфираше во категоријата до 95 килограми и постави три светски рекорди: во вкупниот резултат со 415 килограми, во избивање со 185 и во исфрлање со 230 килограми.
„Огромна радост е кога ја чувствувам љубовта на луѓето. Свесен сум за одговорноста што ја имам како претставник на Бугарија“, изјави Насар по враќањето, пренесува Дир.бг.
Тој рече дека се опоравил од повредата околу еден месец пред првенството и дека му помогнале карактерот и волјата. Победата му ја посвети на својот покоен тренер Илијан Илиев.
Протести по смртта на Билјана: Фемицидите не запираат во Северна Македонија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

