08 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
СДСМ тврди дека доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), а дел од општините не можат да реализираат плаќања преку Трезорот.
Во објава на Фејсбук, партијата наведува дека вработени во ЕСМ добиле пораки оти сè уште не се знае кога ќе им биде исплатена октомвриската плата. Според СДСМ, платите вообичаено биле исплаќани во првите пет дена од месецот.
Партијата ги поврзува наводните доцнења со состојбата на државниот буџет и тврди дека буџетскиот дефицит изнесува околу 900 милиони евра, а јавниот долг расте. Во објавата се наведува и дека задолжувањето во изминатите две години достигнало четири милијарди евра.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

