11 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи го критикуваше вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година, оценувајќи дека тој покажува нестабилно планирање на јавните финансии. На собраниската седница рече дека јавниот долг по жител се зголемил на околу 6.000 евра.
Според Битиќи, за девет месеци Владата предложила три различни буџетски конструкции. Тој предупреди и на растот на цените и инфлацијата, како и на проблеми со навременото враќање на ДДВ, повикувајќи се на забелешки од Европската комисија.
Битиќи рече дека со ребалансот капиталните расходи се намалуваат од 45,9 на околу 40 милијарди денари, иако претходно зголемувањето на дефицитот било оправдано со потребата од средства за инвестиции. Според неговите податоци, реализацијата на капиталните расходи на 6 ноември изнесувала 58 проценти.
Во соопштението на СДСМ Битиќи наведува дека долгот по жител бил 4.674 евра во јули 2024 година и дека оттогаш се зголемил за околу 1.400 евра. Тоа се негови оценки изнесени во расправата за ребалансот.
Министрите за надворешни работи на Г7 разговараат во Париз за поддршка на Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

