12 ноември 2026
• од Гоце Кически
Најновата листа на Управата за јавни приходи (УЈП) опфаќа 5.200 даночни должници со вкупен долг од 13,784 милијарди денари, односно околу 224 милиони евра. Станува збор за неплатени даноци и придонеси доспеани до 31 јули, а неплатени до 31 октомври 2026 година.
Најголемиот долг го има скопската компанија „Хант Осој трејд“ – над 900 милиони денари, речиси целосно по основ на ДДВ. На листата следуваат „Окитна трејд“ со сличен долг и „Лисав компани“, која должи 449 милиони денари. Според објавените податоци, кај трите компании обврските се однесуваат на неплатен ДДВ.
Меѓу другите големи должници се „Дианита“ од Струмица, со 394 милиони денари, и „Пине груп“ од Скопје, со 336 милиони денари. Обвинителството претходно соопшти дека „Дианита“ е поврзана со мрежа компании осомничени за незаконско остварување поврат на ДДВ.
На листата има 198 нови должници со вкупен долг од 130 милиони денари. Во меѓувреме, 138 должници од претходната листа, кои заедно должеле 156 милиони денари, веќе не се евидентирани. УЈП најави дека при следното објавување ќе информира за преземените мерки за наплата. Повеќе детали објави „Фокус“.
Министрите за надворешни работи на Г7 разговараат во Париз за поддршка на Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

