TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
ДРУГО

Денеска 28 февруари 2026 година се празнува Тодорова сабота

28 февруари 2026

• од Станча Јаќимовски

Денеска се празнува Тодорова сабота – првата сабота од Великиот пост, посветена на преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон.

Овој празник нè враќа во времето на царот Јулијан Отстапник, кој по смртта на Констанциј, синот на светиот цар Константин, отпаднал од христијанската вера и повторно го вовел идолопоклонството. Иако се откажал од јавно и свирепо гонење на христијаните, смислил подмолен начин да ги оскверни.

Во првата седмица од Великиот пост, царот му наредил на градскиот управник да ја тргне чистата храна од пазарите и да ја замени со лебови и пијалаци осквернети со крв од идолски жртви. Намерата била оние што постат, купувајќи од пазарот, несвесно да се осквернат.

Но, по Божја промисла, оваа завера му била откриена на свети Теодор Тирон. Тој му се јавил на архиерејот Евдоксиј и го предупредил да го извести народот да не купува ништо од пазарите. Кога архиерејот прашал што ќе јадат сиромашните, свети Теодор одговорил: „Нека јадат коливо“ – варена пченица.

Верниот народ го послушал советот и така бил запазен од осквернување. Кога царот видел дека неговата намера пропаднала, наредил повторно да се продава вообичаената храна. Во благодарност за избавувањето, христијаните ја определиле оваа сабота да се слави во чест на свети Теодор, а коливото останало како симбол на Божјата заштита и победата на чистотата над лукавството.


Светиот свештеномаченик Поликарп, епископ Смирненски

На овој ден Црквата го спомнува и светиот свештеномаченик Поликарп Смирненски, епископ Смирненски.

Тој се родил како незнабожец, но во христијанската вера го вовел и го крстил светиот апостол Јован Богослов. Рано останал без родители, а го посвоила благородна вдовица по име Калиста, која го воспитала во побожност и милосрдие.

Поликарп бил ученик на апостолите и ревносен следбеник на Христовото учење. Бил ракоположен за презвитер од епископот Вукол, а по неговата смрт бил избран и хиротонисан за епископ на Смирна. Уште од почетокот имал дар на чудотворство: исцелувал болни, изгонуваал демони, со молитва запирал пожар и измолувал дожд во сушни времиња.

Пострадал во времето на царот Марко Аврелиј, во 167 година, на Велика сабота. Три дена пред смртта прорекол дека ќе биде фрлен во оган заради Христа. Кога бил изведен на суд и повикан да се одрече од верата, одговорил: „Не можам да менувам подобро за полошо!“

Иако бил положен на клада, пламенот не го допрел. Потоа бил прободен со копје, а по смртта неговото тело било запалено. Со своето мачеништво останал пример за непоколеблива вера, трпение и љубов кон Бога.


Преподобен Дамјан Есфигменски

Се спомнува и преподобниот Дамјан Есфигменски, монах од манастирот Есфигмен на Света Гора.

Бил современик и другар на свети Козма Зографски. Се подвизувал во строг монашки живот на гората Самарија, меѓу манастирите Есфигмен и Хилендар. Се упокоил мирно во 1280 година. Според преданието, од неговиот гроб четириесет дена се ширело прекрасно благоухание – знак на неговата светост.


Тропар на свети Поликарп

Велик учителу на Црквата Христова, епископе Божји со благодат преисполнет, поучуван од апостолите, дар за пророкување ти беше подарен, Поликарпе, храбар Господов подвижнику, со мноштво венци овенчан, огнот светоста твоја не ја допре, моли се, свети мачениче, да поднесуваме сè со смирение и трпеливо да ги спасуваме нашите души.


Тодорова сабота нè потсетува на силата на верата, на Божјата промисла и на победата на духовната чистота над секоја подмолност. Преку примерот на светите маченици, верниците се повикуваат на трпение, смирение и непоколеблива верност кон Христа.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
23 ноември 2026

ЕУ предлага нови санкции за руските банки, бродови, војници и спортисти

МАКЕДОНИЈА
23 ноември 2026

Филипче побара помош од ЕУ за спротивставување на антиевропската пропаганда

МАКЕДОНИЈА
23 ноември 2026

Шест пријави за семејно насилство врз жени во изминатото деноноќие

МАКЕДОНИЈА
23 ноември 2026

Бугарија начелно договори соработка со германски институт за ДНК-анализа на коските на цар Самоил

МАКЕДОНИЈА
23 ноември 2026

Парното поскапува од декември: сметките за домаќинствата ќе бидат повисоки до 7,5 отсто

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
23 ноември 2026

Тошковски: Безбедноста на новинарите е предуслов за слободни медиуми и демократија

СПОРТ
23 ноември 2026

ММА-ѕвездата Дакота Дичева: Татко ми е Бугарин, мајка ми Англичанка, но се чувствувам целосно Бугарка

МАКЕДОНИЈА
23 ноември 2026

Затворски полицаец од Струмица осомничен за продажба на кокаин на работното место

МАКЕДОНИЈА
23 ноември 2026

Собраниска делегација учествуваше на пленумот на Енергетската заедница во Виена

СВЕТ
23 ноември 2026

Од 2030 година: воз од Софија до Пловдив за околу 1 час и 20 минути, со брзина до 160 км/ч

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
23 ноември 2026

Проевропски организации во Обединетото Кралство бараат земјата повторно да влезе во ЕУ

СПОРТ
23 ноември 2026

Бугарскиот олимписки шампион Карлос Насар израмни светски рекорд со 185 килограми на деби за германски клуб

МАКЕДОНИЈА
23 ноември 2026

ЛДП бара Собранието да го усвои предлогот за електронски алки за насилници

СВЕТ
23 ноември 2026

Во Франција најавени речиси 15 милијарди евра нови инвестиции

МАКЕДОНИЈА
23 ноември 2026

Формиран Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
ДРУГО
23 ноември 2026

Кои биле светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј? – 23 ноември 2026 година

СВЕТ
22 ноември 2026

Данската премиерка повика на строга миграциска политика и предупреди за поддржувачите на Хамас

МАКЕДОНИЈА
22 ноември 2026

Бројот на патници во автобускиот превоз во земјава паднал за 8,4 отсто

МАКЕДОНИЈА
22 ноември 2026

Рама кон Мицкоски: Впишувањето на Бугарите во Уставот е чекор кон членство во ЕУ

СВЕТ
22 ноември 2026

ЕУ воведе санкции за медиумот „Газа нау“ и неговиот основач поради наводно финансирање на Хамас

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
22 ноември 2026

Данска спречила наводен руски заговор за убиство на американско-украински рапер

МАКЕДОНИЈА
22 ноември 2026

Мицкоски: Од понеделник почнува реконструкцијата на патот од Делчево до границата со Бугарија

МАКЕДОНИЈА
22 ноември 2026

Српска партија бара одложување на продажбата на Алта банка Битола

СВЕТ
22 ноември 2026

Литванија негира вмешаност во наводен напад со дронови врз Калининград

СВЕТ
22 ноември 2026

Поранешниот претседател на Европскиот парламент Пјотеринг: Приемот на Бугарија во ЕУ беше во вистинскиот момент

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
22 ноември 2026

Сиљановска-Давкова им го честиташе Денот на албанската азбука на припадниците на албанската заедница

ДРУГО
22 ноември 2026

Бегала од бракот, се преправала во маж и доживеала 100 години: приказната на преподобна Матрона — 22 ноември 2026

МАКЕДОНИЈА
21 ноември 2026

Протести во Охрид и Скопје против насилството врз жените, граѓаните бараат заштита и одговорност

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега